1100x500

По целосната распродажба на билетите за премиерната изведба на МОНТИ ПАЈТОН СПАМАЛОТ и огромниот интерес на публиката, закажана е и ВТОРА ИЗВЕДБА на најпопуларниот бродвејски мјузикл во Скопје! Во рамки на ова ексклузивно гостување на Таксират, македонската публика ќе има единствена привилегија два дена да ужива во Пајтоновскиот хумор на спектакуларен начин. Втората изведба на хит-мјузиклот ќе се одржи на 28-ми ноември во МОБ, ден по веќе распродадената премиерна изведба. Сите оние кои претходно останаа без билет, сега имаат уште една прилика, и тоа што поскоро да го осигураат своето присуство на овој единствен музичко-сценски спектакл! Билетите за втората изведба на СПАМАЛОТ се веќе пуштени во продажба, преку продажната мрежа на МКтикетс и онлајн.

ВИДЕО: Поздрав од Никола Којо

Музичката комедија базирана на филмот „Монти Пајтон и Светиот Грал“ прв пат ќе биде одиграна пред македонската публика и тоа со врвна светска продукција каква што досега не сме виделе на театарските сцени во регионов, а во изведба на извонредниот ансамбл од Србија. Мјузиклот Спамалот во Скопје доаѓа со импресивна актерска и танчерска екипа, во досега невиден состав. Токму за овој мјузикл, српската актерска легенда Никола Којо по 20 години се враќа под театарското светло преку ликот на Крал Артур, а со него на сцената брилираат и Никола Ѓуричко, Срѓан Тимарев, Гордан Кичиќ, Дејан Луткиќ, Мирољуб Турајлија, Иван Марковиќ и славната Јелена Јовичиќ која неодамна ја восхити македонската публика и со главната улога во мјузиклот „Мама Миа“. Како режисер на мјузиклот се потпишува Радослав – Рале Миленковиќ.

Станува збор за вистински театарски феномен кој за само пет години од поставувањето на бродвејскиот репертоар осви 2 милиони луѓе во 25 држави ширум светот. Оригиналната Бродвејска продукција е направена во 2005 година, кога и „Спамалот“ веднаш ја доби „Тони“ наградата за најдобар мјузикл, како и уште две „Тони“ награди, Сара Рамирез за улогата на Дамата од Езерото и Мајкл Николс за најдобра режија на мјузикл. На тоа доделување, „Спамалот“ беше номиниран за вкупно 14 „Тони“ награди.

Популарниот мјузикл ексклузивно ќе биде одигран во Скопје, на 27-ми и 28-ми ноември 2016, во реновираната сала на Македонска Опера и Балет.

Related Projects