LoserFest-1100x500-01

Отворен е конкурсот за ЛУЗЕР ФЕСТ 2017!

Во рамки на ТАКСИРАТ повторно се собираме кон крајот на годината и го создаваме најдругарскиот и најпозитивниот настан посветен исклучиво на промоција на новите, демо музичари и музички групи од Македонија – Лузер Фест!

Одиме едноставно како и минатата година:

Ги повикуваме сите македонски млади и неоткриени бендови до 23-ти октомври 2017 да испратат 3 свои песни на конкурсот. За да се пријават на конкурсот, музичките групи или солисти треба во електронски формат да достават:

* три досега необјавени авторски песни (во кој било аудио формат),

* контакти

* фотографија и

* кратка биографија на бендот и членовите.

ВАЖНО:

* „Пасворд“ ги задржува правата да објави компилација од сите групи кои ќе настапат за време на „Лузер Фест“;

* Пријавените бендови треба да достават свои досега необјавени и неиздадени снимки, а во спротивно ќе бидат дисквалификувани;

* „Пасворд“ има право да ги објавува пријавените песни од страна на изведувачите на своите социјални и асоцијални мрежи;

* Сите бендови кои ќе се пријават ќе бидат објавени, а селекцијата ќе се одреди по истекување на рокот за пријавување.

Пријавите, најдоцна до 23-ти октомври 2017, треба да бидат испратени преку онлајн формуларот за аплицирање објавен НА ОВОЈ ЛИНК!

* Доколку имате проблем со користење на онлајн формуларот, можете да се пријавите и со испраќање на сите потребни информации и материјали на и-мејл адресите:  info@password.mk и lina@password.mk

По возобнувањето на овој драг дел од Фестивалот кој ги пречека и испрати напред бендовите Лоши Деца, Синиак, Верка, Боргот, ФИСТ, Ска Рингишпил, Новиот Почеток, Хардфејсд, Сторм, Конкјуринг Лајон и уште многу други демо бендови кои се испробаа на Таксиратската Винерско-Лузерска бина низ годините, традицијата продолжува и во 19-ката на ТАКСИРАТ, со сите ентузијасти кои творат авторска музика и истата сакаат да ја промовираат пред македонската публика.

Победникот на „Лузер Фест“ и оваа година ќе биде награден со снимање на својот прв студиски албум и негово објавување под капата на „Пасворд Продакшн“, а покрај главната награда, ТАКСИРАТ и годинава ќе ги вложи сите свои расположливи сили за поттик и промоција на најдобрите од новото издание на „Лузер Фест“ во рамки на музичките фестивали кај нас, во регионот и низ Европа.

Жирито е веќе на кондициони подготовки, се спремаат гласачките ливчиња за публиката, а конкурсот за пријавување е отворен!

ВЕ ЧЕКАМЕ СО СНИМКИ!

Related Projects