Утре (среда, 21 септември), точно на пладне почнува продажбата на билетите за концертот на славното дуо Skye & Ross – MORCHEEBA во Скопје! Билетите ќе чинат 1.000 денари и ќе бидат достапни само во ограничен број (800 билети), а ќе се продаваат преку продажната мрежа на МКтикетс. Овој концерт кој ќе се одржи на 25 ноември во Младински Културен Центар во Скопје, уште со првото најавување предизвика голем интерес кај македонските фанови на светски популарниот бенд, па сите оние кои сакаат да бидат дел од оваа вечер на ТАКСИРАТ 18 ги советуваме да бидат брзи при купувањето на билетите.

ПРОДАЖНИ МЕСТА:
• Во Скопје: Југотон, Tobacco 2, Tobacco Југодрво, MPM Tobacco (плоштад), Гоги Драчево, Универзална Сала, Нептун Стадион, Нептун City Mall, Нептун Аеродром;
• Во Охрид: New Tobacco;
• Во салоните на Нептун низ Македонија: Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Куманово, Гостивар, Струга, Охрид, Кочани и Штип;
• ОНЛАЈН НА WWW.MKTICKETS.MK .

Станува збор за најновиот проект на членовите на светски славниот бенд Morcheeba, пејачката Skye Edwards и гитаристот и половина од продуцентското дуо на групата Ross Godfrey. Тие заедно со останатите концертни членови на Morcheeba, басистот Steve Gordon, клавијатуристот Richard Milner и тапанарот Jaega Mckenna-Gordon ќе настапат во Скопје во рамки на големата светска турнеја „Skye and Ross from Morcheeba“. Нивниот концерт во МКЦ ќе ги опфати сите големи хитови и најважни моменти од речиси 20-годишната кариера на Morcheeba, а кои се стожер на нивната сетлиста, но публиката воедно ќе има прилика да ужива и во песните од новиот албум, објавен на почетокот на септември.

Повеќе за концертот прочитајте тука.

Related Projects