PeterПетер Барош е генерален секретар на Словенечкиот музички информативен центар – централната информативна точка за словенечка музика, музичари, музички професионалци и актуелните музички настани и активности. Петер студирал филозофија и социологија на култура, а дипломирал во полето на феноменологијата на музика со тезата, „Музички перформанс – слушање, идеологија, репетиција“. Од 2010-2014 бил советник за музика во Министерството за култура на Република Словенија. Петер е исто така музичар, мулти- инструменталист кој свири во словенечките групи, „Zaklonišče prepeva“ и „Malamor“.