Веднаш до „Метрополис Арена“ каде што се одржува главната вечер на ТАКСИРАТ, како и локациите за промо-настаните (МКЦ, клуб „Кино Култура“) достапен е посебен паркинг простор. Но, поради големиот број на посетители и сепак ограничениот капацитет на паркингот, ви препорачуваме за користење да ги имате предвид и околните паркинзи.

Во меѓувреме, ве потсетуваме да не заборавате на животната средина и скопскиот воздух! Во име на сечие добро, наша препорака е доколку на „Таксират“ доаѓате со автомобил, претходно да поканите и некои од вашите пријатели со кои ќе го споделите превозот. И онака забавата е поголема и повеќе се памети кога сте друштво. 🙂