NinoНино Делиниколов – Flooder, инспириран од звукот на електронската музика, се посветува на пуштањето музика. Главниот мотив му е испробувањето на различни музички стилови и начинот на кој тие звучат на плоча. Како ди-џеј, ја имал можноста да го дели пултот со имиња како што се: Карл Кокс, Ричи Хатин, Нина Кравиц, Соломун, Мис Китин, Мудимен, Бен Клок, Умек, Дитрон, Валентино Канзјани, Метју Џонсон, АМЕ, ХЕИДИ, Стани Франсен, Мартин Бутрих, Роберт Деиц, Ден Кертин, Стиви Рахмад, Кристијан Смит, Џон Селвеј, итн.