24-03-2018

LAIBACH со концерт во Скопје на 27-ми март 2018 го претставуваат фантастичниот нов албум Also Sprach Zarathustra пред македонската публика! По три години, една од највлијателните групи од југословенските простори со убедливо најголем меѓународен успех, се враќа кај нас и тоа првпат во МКЦ, во многу поинтимна атмосфера од било кога досега.

Музиката од новиот албум, LAIBACH ја компонираше за театарската претстава „Така зборуваше Заратустра“, основана на едно од најзначајните филозофски дела на Фридрих Ниче, а која ја режираше Матјаж Бергер во Антон Подбевшек театарот во Ново Место. Скопскиот концерт е во рамки на европската турнеја за овој албум, на која бендот изведува целосно нова концертна програма, песните од актуелниот албум, но и класиците од својот репертоар во нов аранжман, а кои не ги изведувале со години.