Panels-01 Локација: МКЦ, Фросина
Датум и Време:  30.11.17 | 14:00ч

Фестивалски промотери vs. музички артисти. Дали се сите во еден тим? Што би правеле еден без друг? Дали неправдата е насочена и кон двете страни, дали воопшто има неправда или проблемот е само недостаток на информација? Активни фестивалски и концертни промотери, со отворени карти за тоа како го прават изборот и селекцијата на артисти, кои се вистинските трошоци за организирање на настан или фестивал, од каде се финансираат, како е да се живее со желба за работа, поголема од заработката. Артистите, од другата страна на приказната. Која е вагата на правда и неправда при третирањето на артистите од страна на промотерите, зошто едните настапуваат повеќе од другите, си ја знаат ли сите артисти својата вистинска вредност и најсилното оружје, сакаат ли да соработуваат, што е за нив успех и колку далеку се подготвени да одат?

Модератор:
Лина Савов
Пасворд Продукција, МК

Тим промотери:
Владица Младеновски-Грга
МКЦ, Здраво Млади, Cinedays, MOT, Роденден, МКЦ за Скопје, МК
Логин Кочишки
Таксират, Д Фестивал, Green Beach, МК
Оливер Белопета
OFFest, Skopje Jazz Festival, МК
Петар Божинов
Strumica Open Festival, МК
Никола Матоски
DrimOn, МК
Maja Ангеловска
Bitola Otvoren Grad, МК
Мартин Чанаќевиќ
Desonanz, MK

Тим на артисти:
Бобан Лазовски
Egorythmia, МК
Петрит Сарачини
Амон Мра, МК
Мирко Попов
PMG Kolektiv, MK
Ади Имери
The Black & Vice Social Club, MK
Лука Ѓорѓиевски
Pluto’s Doubts, Funk Shui, MK
Стефан Илиевски-Мане
Conquering Lion, МК
Мартин Чанаќевиќ
Desonanz, MK