MirkoРоден 1972, Скопје. Купува плочи и внимава на музика уште од ситните одделенија на основно училиште, тоа резултира со првите роденденски диџеј сетови во раните 80ти. Привот професионален диџеј букинг го добива во 1992 и од тогаш не престанува со настапи. Истата година добива простор во култното скопско музичко радио Канал 103, што е еден од клучните моменти во неговиот развој како личност и музичар. Во 1998 ја формира ПМГ Рекордингс, дискографска куќа која има намера да ја промовира квалитетната музика на новото време, славејќи ја современата култура и исправајќи историски грешки и неправди нанесени на македонската музика од блиското минато.