MichalМихаил Кашчак е промотер, музичар, композитор и текстописец. Своевремено бил водач на бендот „Bez ladu“ кој „Њу Јорк Тајмс“ го вбројува како еден од бендовите што допринеле за падот на „Железната завеса“. Во 1997 година, Михаил Кашчак го започнува фестивалот – Pohoda Festival во Братислава, каде е директор, куратор и букер. „Pohoda Festival“ е уметнички фестивал каде алтернтивната, инди, електронската, панк и светската музика се среќаваат со класичната музика, книжевноста, танцот, визуелните уметности, филмот и театарот.