MichailСекоја музичка сцена има неколку членови кои се чини дека ги имаат секаде замешано прстите. Михаил Штангл е токму таков човек. Тој ја започнува својата кариера во ноќните „андерграунд“ клубови низ Берлин, пред да се придружи на тимот кој ги организира „Leisure System Nights“ во Бергхаин. Тој го организира и својот „шоукејс“ – „Not Equal“ во Бергхаин и е директор на берлинскиот „Boiler Room“, а во меѓувреме е куратор на „CTM Festival“. „Boiler Room“ е глобален он-лајн пренос на музички сесии во живо кои се одржуваат низ светот. Основан е во Лондон, Англија во 2010 година и досега делува во 9 градови. „Boiler Room Berlin“ е основан од Михаил Штангл и постои од 2011 година.