LOSER FEST

Локација: МКЦ, Скопје

Датум: 26. ноември 2016

Почеток: 20:30 ч.

Отворен е конкурсот за ЛУЗЕР ФЕСТ 2016!
Најдругарскиот и најпозитивниот ЛУЗЕР ФЕСТ ќе се одржина 26 ноември во МКЦ!

Дојде нашето омилено време од годината кога со задоволство го најавуваме годинашното издание на Лузер Фест! Неколку дена пред главната фестивалска вечер на ТАКСИРАТ, на 26-ти ноември во МКЦ се собираме и го создаваме најдругарскиот и најпозитивниот Лузер Фест!

По возобнувањето на овој драг дел од Таксират кој низ годините ги пречека и испрати напред бендовите Лоши Деца, Синиак, Верка, Боргот, ФИСТ, Ска Рингишпил, Новиот Почеток, Хардфејсд, Сторм, Конкјуринг Лајон и уште многу други демо бендови кои се испробаа на Таксиратската Винерско-Лузерска бина низ годините, традицијата на Лузер Фест продолжува и на 18-иот ТАКСИРАТ. Минатата 2015-та година заедно со PLUTO’S DOUBTS, METANOIA, GARGOYLES, KEPURDHAT, BROOKA BAND, ПРЕСЕН ЗРАК, АСТЕРОИД, ВИЗИЈА, ПУЛС ЕКИПА, EX-YOU и гостите на фестивалот, во преполното МКЦ повторно се врати и освежи фестивалскиот дух на сите ентузијасти кои творат авторска музика и истата сакаат да ја промовираат пред македонската публика.

И оваа година победникот на „Лузер Фест“ ќе биде награден со снимање на албум во студиото „Марифет“ (мarryPHAT) на Ивица Јанкуловски – Штраф и објавување на албумот под капата на „Пасворд Продакшн“, а покрај главната награда, ТАКСИРАТ и годинава ќе ги вложи сите свои расположливи сили за поттик и промоција на најдобрите од новото издание на „Лузер Фест“.
Жирито е веќе на кондициони подготовки, се спремаат гласачките ливчиња за публиката, а конкурсот за пријавување е отворен!

Одиме едноставно како и минатата година:
Ги повикуваме сите македонски млади и неоткриени бендови до 20 октомври 2016 да испратат 3 свои песни на конкурсот. За да се пријават на конкурсот, музичките групи или солисти треба во електронски формат да достават:
* три досега необјавени авторски песни (во кој било аудио формат),
* контакти
* фотографија и
* кратка биографија на бендот и членовите.
Пријавите, најдоцна до 20 октомври 2016, треба да бидат испратени на и-мејл адресите: info@password.mk & shurbe@password.mk .

ВАЖНО:
* „Пасворд“ ги задржува правата да објави компилација од сите групи кои ќе настапат за време на „Лузер Фест“;
* Пријавените бендови треба да достават свои досега необјавени и неиздадени снимки, а во спротивно ќе бидат дисквалификувани;
* „Пасворд“ има право да ги објавува пријавените песни од страна на изведувачите на своите социјални и асоцијални мрежи
* Сите бендови кои ќе се пријават ќе бидат објавени, а селекцијата ќе се одреди по истекување на рокот за пријавување.

ВЕ ЧЕКАМЕ СО СНИМКИ!