LoginИзминативе 20 години, Логин Кочишки работи во музичката индустрија. Ја основа издавачката музичка куќа и менаџмент агенција „Lithium Records“ која работела со најпознатите македонски артисти. Бидејќи жена му не му даде да си го крсти синот Пасворд, тој ја ре-брендираше компанијата во Пасворд Продукција. Тој е основач и директор на најголемите македонски музички фестивали – Таксират, Д Фестивал, Пиволенд, „Green Beach Festival“ и „Aqua Park“. Логин бил промотер на повеќе од илјада локални, регионални и меѓународни концерти, свадби, погреби и има работено како продукциски менаџер, мајка и кум за најголемите регионални фестивали.