KostadinКостадин Шурбановски – Шурбе, е културен менаџер, промотер, радио водител, диџеј и музички новинар со 20-годишно искуство на организирање концерти, фестивали, промоции и културни настани во Р. Македонија. Во функција на главен уредник и член на Редакцијата на Музичкото радио – Канал 103, тој е носител на бројни проекти: концерти, фестивали, издавање ЦД-а и книги. Во периодот од 2001-2015 година, како проект-менаџер во Установата за уметнички дејности – Скопски џез фестивал, непосредно учествуваше во организирање на манифестациите „Скопски џез фестивал“ и „ОФФ-Фест“, како и сите придружни активности на Установата