KaterinaЗаврши Филозофија и немаше што друго да работи освен да се меша каде што не треба. Почна по ред од сѐ што сака: музика, книжарници, пишување, сликање, новогодишни честитки и веќе со години замислува дека сите овие задоволства ги спојува во Пасворд Продакшн и Таксират работејќи ПР, ивент маркетинг, проџект менаџер, копирајтер, дигитален маркетинг. Сѐ уште верува дека човештвото има некоја катастрофална грешка во поимањето на времето како категорија. Скришно, посветено работи на докажување на оваа претпоставка. *нејзината биографија не стигна на време пред печатење на каталогот