EinarЕјнар Идсое Еидсвог живее во Осло, Норвешка и работи како проектен менаџер на „Music Norway“. Ејнар се занимава со класична, современа, авангардна, нојз и електронска музика. Работел за „CTM“, „Unsound“, „Ultima Oslo Contemporary Music Festival“, „Borealis“ – фестивал за експериментална музика во Берген. „Music Norway“ е норвешкото владино биро за извоз на национална музика. Неговата цел е да го зголеми интересот и употребата на норвешката музика од сите жанрови и стилови, обраќајќи се преку потребите на музичката индустрија, артисти, ансамбли и организации.