Drugstore-Taksirat-02Desonanz Festival во соработка со Taksirat Festival ве кани на afterparty на PIN Music Conference 2017 со гостување на највозбудливите електронски артисти во регионот, резидентите на Drugstore Beograd – хардверскиот волшебник A//O и еклектичниот селектор на танцови ритми SAUD. Втората вечер на PIN Music Conference 2017 е во соработка со еден од најдобрите клубови на Балканот и во Југоисточна Европа – Drugstore Beograd, кој беше дел од Desonanz Balkan Tour 2017 во октомври со Desonanz Showcase во Drugstore и настапи на Not Waving! и Samuel Kerridge. Drugstore постои од 2012 година. Со самото отварање на клубот, се најавува нова ера во/на белградската електронска сцена. Клуб каде сите форми на техно музиката, експериментална музика и cutting edge настани, ќе го најдат своето место. Drugstore освен што го завзема приматот најдобар клуб во Белград и на Балканот со музичката програма, клубот ги отвара вратите и за интимни лгбт забави, инди-рок концерти, мултимедијални перформанси, како и концерти на современа класична музика. Од средината на 2017та година, Drugstore ја започнува со работа и својата букинг агенција каде на едно место ги собира најсвежите и најнадежни артисти на Белградската сцена.

▲ А//О -live act- Аналогно-хардверски настап во живо на еден од нашите омилени продуценти на моќна, софистицирана и модерна електронска музика.
Soundcloud

▲ SAUD (DJ set) Алтер-его на Gana, dancefloor ориентирана музика со темпо од 110 до 150 bpm-a, жанровски ограничено на различни техно облици и структури, како и uk bass и сродни музики кои произлегуваат од post-dubstep правецот.
Soundcloud

Вечерта со свој дј сет ќе ја отвори кураторот на Desonanz Festival – Andreas Hz, а финалето е за скопската техно-дама Diah (Code XX / MK).