DidierДидер Госет е комуникацискиот менаџер на IMPALA, Европската асоцијација на независни издавачки музички куќи, базирана во Брисел, Белгија. Мисијата на IMPALA е да допринесе во порастот на независниот музички сектор, да ја негува вредноста на артистите, да промовира културолошка различност и претприемништво, како и да ја подобри политичката достапност и да го модернизира погледот на музичкиот сектор.