I.ВЛЕЗНИЦИ

1. КАДЕ МОЖАМ ДА КУПАМ ВЛЕЗНИЦИ ЗА НАСТАНИТЕ ВО РАМКИ НА ТАКСИРАТ?

– Сите детали за продажните места ќе ги најдете на овој линк

2. ДАЛИ ЗА ДЕЦА Е ПОТРЕБНА ВЛЕЗНИЦА?

– Влезот е слободен само за деца до 6 години, но нивното присуство е дозволено само во придружба на старател.

3. ТРЕБА ЛИ ДА НОСАМ ДОКУМЕНТ ЗА ЛИЧНА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА КОНЦЕРТОТ?

– Според законот на Р. Македонија секое лице е задолжено со себе да носи документ за лична идентификација, па според тоа ви препорачуваме и за време на фестивалот со себе да го имате овој документ.

4. МОЖЕ ЛИ ДА ЈА ВРАТАМ ИЛИ ЗАМЕНАМ МОЈАТА ВЛЕЗНИЦА?

– Купените влезници за настаните не можете потоа да ги вратите или да го рефундирате трошокот.

5. ШТО АКО ВЛЕЗНИЦАТА НЕ Е ВАЛИДНА?

– Влезниците кои се купени и подигнати преку официјалните продажни места и дистибутери се единствените за кои фестивалот гарантира валидност и истите се заштитени со уникатен баркод. Организаторот се оградува од одговорност и не ја гарантира валидноста на сите влезници кои се набавени на други места освен посочените.

6. ШТО АКО ЈА ИЗГУБАМ ВЛЕЗНИЦАТА?

– Доколку го изгубите вашиот билет, организаторот нема да биде во можност истиот да го надомести или повторно да го издаде, поради што ве советуваме добро да внимавате на билетот кој веќе сте го набавиле.

7. ШТО АКО ЗАБОРАВАМ ДА ЈА ПОНЕСАМ ВЛЕЗНИЦАТА НА НАСТАНОТ?

– Во тој случај нема да ви биде дозволен влез на настанот. Влезниците задолжително треба да ги приложите пред влез во концертната арена.

8.СО КУПЕНАТА ВЛЕЗНИЦА, КОЛКУ ПАТИ ЌЕ МИ БИДЕ ДОЗВОЛЕН ВЛЕЗ НА НАСТАНОТ ЗА ВРЕМЕ НА НЕГОВОТО ОДРЖУВАЊЕ?

– За време на одржувањето на настанот дозволен е само еднократен влез во концертната сала.

2. ДОЗВОЛЕНО ЛИ Е:

1. ВНЕСУВАЊЕ НА АЛКОХОЛ И ХРАНА?

– Внесување на храна, алкохол и други пијалоци за време на одржување на настанот е забрането. Но, истите ќе можете да ги набавите во рамки на просторот каде што се одржува настанот.

2. ПУШЕЊЕ ЦИГАРИ?

– Пушењето на јавни места е забрането со законот на Р. Македонија, но за време на настаните ќе бидат обезбедени посебни пушачки зони за посетителите, лоцирани надвор од концертниот простор

3. ЧАДОР?

– Поради ваша безбедност но и безбедност на останатите посетители, во случај на дожд ви препорачуваме да понесете кабаница или мал чадор на расклопување. Големите чадори можат да ги попречат останатите посетители во целосно уживање на концертите.

 4.ДРУГИ ПРЕДМЕТИ?

– Строго е забрането внесување на било какви стаклени предмети, шишиња, лименки, психотропни супстанции, опасни или запаливи предмети, пиротехника, ласери, опрема за аудио или видео снимање. Забрането е и поставување на било каков рекламен или промотивен материјал во рамки на концертниот простор без претходно одобрување од организаторот.