BojanАдвокат, со голем интерес за музика, во 1987 година, Бојан Џорџевиќ почнува да пишува во студентски и младински списанија. Тој соработува и пишува во музичките списанија од Србија, Словенија, Македонија, Италија и ВБ. Ја започнува првата радио емисија во Србија за експериментална и алтернативна музика. Бојан е долгогодишен член на европскиот „World Music Charts“ панел кој брои 50 радио Ди-џеји. Ги составува бестселерите, „Srbija: Sounds Global“ и „Romano Suno“. Во 1996 година, го основа Меѓународниот музички фестивал -Ринг Ринг-. Од 2012 година го организира „Todo Mundo“ премиерниот белградски фестивал за музика од светот.