Egorythmia-Taksirat-02Бобан Лазовски е музички продуцент од Скопје, еден од повлијателните и продуктивни продуценти во жанрот прогресив транс. На музичката сцена е активен од 2001 година, но својот интернационален успех го бележи од 2008 со проектот Egorythmia. Од тогаш има бројни изданија за најреномираните издавачки куќи и редовно гостува на најголемите светски музички фестивали и клупски настани за електронска музика. Egorythmia има соработувано со врвни музички продуценти, меѓу кои Ace Ventura, liquid Soul, Ritmo, Zen Mechanics, Perfect Stranger, Quantize и Mute.