BabaZula-Taksirat-02Неприкосновениот предводник на турската психоделична музика BABA ZULA е бенд кој спојувајќи ги ориенталните инструменти со електронските и модерни звуци, создава уникатен звук кој го нарекува Истанбулска психоделија. Нивната музика е ориентален рокенрол, обвиен во футуристичка форма инспирирана од доцните ’60-ти години.