AhmetcanДо 2010 година, работи за „Doublemoon Records“ како артист и менаџер на турнеи со најалтернативните музичари од Турција. Во 2009 година станува менаџер на „Baba Zula“, од 2014 година на Селда Багчан, а од 2016 година и на „Tamikrest“. Неговото долгогодишно искуство му овозможува огромно знаење околу организација на настани, менаџирање на артисти и музички турнеи. Во 2011 година ја основа својата компанија, „GulbabaMusic & Artist Management“.