AdiАди Имери е еден од најбараните млади авантгардни музичари во Македонија. Активен е како композитор, импровизатор, гитарист и вокалист на многу полиња од македонската музичка сцена како член на повеќе состави, String Forces, Zdeev, Last Expedition, Јаболко за Даскалот, The Black & Vice Social Club и остварува соработка со уште многу други уметници во и вон земјата. Тој е активен и на поле на музичката педагогија, држејќи семинари за импровизација, гитарска синтеза, и предава класична гитара во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. Во 2017 година, заедно со Дино Имери ја продуцираа музиката за македонскиот серијал, „На Терапија“